Пет работи што ги прави добриот шеф

24

kral-biznis-pexels

Фото: Pexels

Не е лесно да си шеф. На крајот на денот, сите одлуки се на сметка на шефот, тој е одговорен за сè и за секого. Уште потешко е да си добар шеф. Тоа не значи само добро да си ја вршиш работата, туку да знаеш како да се однесуваш со луѓето што работат за тебе.

Еве кои карактеристики ги поседува добриот шеф:

Слуша

И да не сте “главен играч” во организацијата, добриот шеф секогаш сака вработените да се чувствуваат ислушани. Тој/таа на сите им остава простор да се произнесат и да споделат информации. Добриот шеф знае дека некогаш најдобар увид во работите имаат “луѓето во позадина”.

Ги слави малите победи исто како големите

Некои шефови ги забележуваат само големите победи. Но, добриот шеф знае дека малата победа за некого може да биде огромна и знае да одаде признание за добро завршената работа.

Има време да подучува

Добриот шеф знае дека ако не го добие тоа што го очекува од вработените, причината лежи во недоволно добро дадени инструкции. Добриот шеф одвојува време да ги подучи вработените, да ги насочи, за тимот да биде успешен.

Кога ќе каже нешто, кажано е

Некои шефови многу зборуваат, малку сработуваат. Добриот шеф е пример за тимот, зборува само кога е потребно и стои зад тоа што ќе го каже.

Сака да го извади најдоброто од секого

Добриот шеф сака луѓето околу него да ги направи да бидат уште подобри во тоа што го работат. Добриот шеф инвестира во вработените и им овозможува да учат, да растат и да бидат успешни. Добриот шеф ги поттикнува вработените да ги остварат сопствените цели.