Пет работи што треба да ги знаете пред да одите на разговор за работа

64

intervju

Фото: Pexels

На разговор за работа сите сакаме да оставиме добар впечаток, но сеедно се плашиме како сето тоа ќе испадне, а најмногу не плашат прашањата што би можеле да ни ги постават. Еве неколку клучни работи што би требало да ги имате на ум пред интервју за работа.

  1. Првиот впечаток е најважен дел од секој разговор за работа. Впечатокот што ќе го оставите на соговорникот е поважен отколку што мислите. Подгответе се претходно во неколку смислени реченици да ги наброите најважните информации по кои сакате да бидете запаметени.
  2. Вашиот стисок при ракувањето и говорот на телото многу откриваат за вас.
  3. Доколку постои можност, терминот за разговор за работа нека биде наутро или претпладне. Луѓето преферираат работи што порано ќе им се врежат во меморијата.
  4. Подгответе тактика на уверување. Обидете се да го придобиете лицето кое ве интервјуира да ви открие зошто се одлучило да ве повика токму вас на разговор.
  5. За да извлече што повеќе од вас, лицето што ве интервјуира може да се послужи со неколку трикови: прашањата ќе ги протне низ приказни или анегдоти, ќе изнесува морални убедувања, ќе поставува високи очекувања и ќе ја преиспитува вашата самодоверба.