Пет сигнали што несвесно ги испраќате на работното место

30

kolegi

Фото: Pixabay

Постојат неколку работи коишто многу кажуваат за вашата личност на работното место уште пред вие да бидете свесни за тоа. Еве ги петте клучни нешта на кои треба да обрнете внимание:

Со кого се дружите на работа

Без разлика колку добро си ја вршите работата, ако постојано се дружите со колеги кои го даваат само минимумот, се жалат за се и сешто и постојано се караат со менаџерите, големи се шансите и вие да бидете перцепирани како таква личност. Затоа внимавајте со кого го поминувате вашето слободно време на работа.

Кое време си заминувате од работа

Ако постојано го гледате часовникот и заминувате кога истиот ќе покаже дека завршиле 8-те работни часа, тогаш несомнено ќе оддадете впечаток на недоволно заинтересирани за работа. Тоа сигурно ќе има удел кога ќе дојде време за зголемување на платата или унапредување. Немојте да бидете изненадени кога вашата ситуација ќе остане непроменета.

Облеката што ја носите

Една стара поговорка вели облекувајте се за работата што ја сакате, а не за таа што ја имате. Изгледајте секогаш уредно и елегантно и прикладно. Така ќе бидете забележани и на вас ќе гледаат како некој кој сериозно си ги сфаќа обврските и внимава како ја претставува компанијата. Доколку вашата облека го отсликува горе кажаното и клиентите ќе имаат поголема доверба да ви пријдат за совет соработка и слично.

Однесувањето на состаноците

Доколку само седите и не учествувате во дискусијата на состаноците, сигнализирате дека нема што да придонесете за компанијата или дека едноставно не ве интересира. Уште полошо е ако за време на состанокот сурфате на интернет или ги проверувате пораките и мејловите на вашиот телефон. Затоа обидете се да учествувате колку можете или барем да изгледате заинтересирано додека се дискутира.

Што се имате на вашето работно биро во канцеларија

Ако воопшто немате ниту еден ваш детал на или околу просторот каде што работите, тоа може да биде знак дека работното место го сметате за минлива попатна станица додека не дојде нешто подобро. Воопшто не е проблем ниту е тешко да го обележите вашиот простор барем и со најмал детал. Слика, мало цвеќе или прибор за чување на пенкала ќе придонесат луѓето да ве гледаат поинаку. Но внимавајте и да не претерувате, неколку детали се сосема доволно. Не го прекривајте целиот ваш работен простор со разни ситници, така ќе изгледа како вашиот фокус да е на сосема друго место.