Пет совети како да бидете отворени за нови идеи

46

razmisluvanje

Фото: Pexels

Кевин Даум, книжевник и еден од соработниците на порталот Inc. состави мала компилација корисни совети кои ќе ни помогнат да научиме како да останеме отворени за нови идеи. Тој тргнува од претпоставката дека голем број на луѓе не размизлуваат за тоа како учат, туку тврди дека повеќето претпоставуваат дека учењето доаѓа природно. Но, Даум тврди дека не е така. Колку повеќе се старее, толку учењето е потешко, а ако мозокот го полните со информации, ќе имате помалку место за нови идеи и мисли. Даум додава и дека од година во година, човекот се потешко останува отворен за нови идеи.

Првиот негов совет е дека вашата желба за учење мора секогаш да биде појака од желбата да бидете во право. Светот се менува и нови идеи се појавуваат секој ден, а вие на некој начин морате да ги инкорпорирате во сопствениот живот за да останете вклучени и релевантни. Ова се методите кои ќе ви помогнат како да го постигнете тоа, без оглед на староста:

1. Замолчете го својот внатрешен глас

Станува збор за гласот што служи како внатрешен коментар на она што некој ви го зборува. Тоа е гласот што го изнесува вашето мислење за информациите што ги впивате. На многумина им е полесно да го слушаат тој внатрешен глас отколку гласот на говорникот, а токму тоа е причината поради која можат да ви побегнат важни информации. Фокусирајте се што помалку на тоа што има да каже вашиот мозок, а повеќе на соговорникот. Ќе ве изненадат работите што ќе ги слушнете.

2. Расправајте се сами со себе

Ако не можете да го намалите својот внатрешен глас, претворете го во предност. Секој пат кога ќе сфатите дека вашиот внатрешен глас му контрира на соговорникот, застанете и обидете се да заземете поинаков став. “Предложете” му ги на својот мозок сите причини поради кои соговорникот би можел да биде во право, но и да не е во право. Во најдобар случај, ќе се отворите за информациите што ви се нудат. А ако не успеете во тоа, барем ќе ги зацврстите сопствените агрументи.

3. Однесувајте се како да сте љубопитни

Некои луѓе се љубопитни по природа, а некои не. Независно од тоа во која категорија припаѓате, од однесувањето како љубопитна личност може само да имате корист. Следниот пат кога ќе слушате некои информации, запишете три до пет важни прашања. Ако сте на предавање, прогуглајте ги подоцна или прашајте некого. Во секој случај ќе научите повеќе, а смислувањето прашања ќе ви помогне при создавање концепт во мозокот.

4. Најдете зрно вистина

Нема концепт, ниту теорија која се појавила од ведро небо. Некаде во поопширен концепт кој звучи како апсолутна глупост, се наоѓа одреден аспект втемелен на факт. Дури и во случаи кога не можете да прифатите одредена идеја, треба да се обидете да издвоите зрно вистина која довела до неа. Однесувајте се како детектив и донесувајте заклучоци. На тој начин ќе ги зголемите своите вештини, па дури ќе го подобрите и првичниот концепт.

5. Фокусирајте се на пораката, не на гласникот

Понекогаш луѓето веднаш уште на почетокот се исклучуваат од разговорот поради лицето што ја пренесува информацијата. Независно за тоа дали се работи за досаден предавач, некој кој ви е физички непривлечен или некој со кого не делите исто мислење, личноста со која комуницирате може да влијае на вашето учење. Значи, научете да ја одвоите содржината од преносителот. Однесувајте се како да не го познавате носителот на информацијата или неговите убедувања и согледајте ја информацијата објективно. Ако некој навистина ви е досаден, обидете се слушањето да го претворите во игра.