Пет совети за брендирање на вашиот бизнис

197

boicki

Фото: Pexels

Ако започнувате бизнис или ако сте подготвени за попрофесионален пристап, тогаш е време да посветите внимание на неговото брендирање. Поимот брендирање вклучува се, од вашиот веб сајт, логото, до пораката која ја испраќате преку социјалните медиуми. Затоа е многу важно вашиот бренд да биде конзистентен, примамлив за очи и професионален.

Моќта на боите

Различни бои придонесуваат за различни чувства кај луѓето. Затоа внимавајте кои бои ги користите на вашиот веб сајт или на вашите визит картички. Секогаш земајте ги во предвид боите кои ќе асоцираат на индустријата, односно компанијата. Зелената на пример треба да биде застапена во компании кои се грижат за околината. Темно сината се поврзува со професионални компании како симбол на сериозност. Бојата секогаш треба да биде поврзана со дејноста и да одговора на политиката на компанијата.

Инвестирајте во графички дизајнер

Малите бизнис често мислат дека не можат да ангажираат графички дизајнер за логоата и бизнис картичките, но понекогаш тоа е навистина повеќе од потребно. Хонорарните дизајнерите ќе ви понудат ефикасни решенија за ниска цена, исто така и студентите по графички дизајн. Дозволете на оние кои знаат и умеат да ви помогнат во брендирањето.

Одржувајте конзистентност

Како што ќе изгледа вашиот веб сајт во тој стил треба да бидат и остантите елементи од брендот. Колку повеќе се конзистенти елементите од вашиот бренд, толку повеќе луѓето ќе го препознаваат и запаметат.

Нека брендот говори за себе

Ако работите од дома, вашето лого не мора тоа да го покажува. Професионалното брендирање може да направи вашата компанија да изгледа посериозно и поуспешно отколку што навистина е. Дозволете го тоа. Луѓето сакаат да им веруваат на компаниите со кои работат, а доброто брендирање многу придонесува за тоа.

Бидете верни на брендот, но не се плашете од апдејт

Дизајнот на вашата веб страна и логото не треба да се менуваат често, доколку сакате да оставите впечаток кај клиентите. Апдејт или промена на логото најдобро е да се прави на неколку години, за да бидете во чекор со времето. Но сепак, промените нека бидат мали. Препознатливоста на брендот треба секогаш да биде во преден план.