Пет стартапи што го променија спортот

25

sportФото: Pexels

Стартапите не само што ја носат економијата на едно повисоко ниво, туку предизвикуваат и клучни промени во општеството. Новите бизниси ги раздвижија сите области од општетвениот живот, вклучувајќи го и спортот.

Еве неколку од нив.

RunKeeper е една од најголемите мобилни фитнес платформи во светот со над 45 милиони корисници во светот. Оваа технологија овозможува да имате личен фитнес тренер на вашите мобилни телефони којшто ќе ве мотивира да вежбате повеќе.

SeatGeek е познат светски пребарувач за онлајн купување билети за спортски натпревари. Неодамна компанијата започна да продава карти и преку социјалните медиуми.

Fitbit е апликација што ќе ви помогне да си ги измерите чекорите и отчукувањата на срцето и ќе ве мотивира да работите повеќе на вашето тело.

Strava е онлајн платформа што ги поврзува светските атлетичари и велосипедисти. Им помага да се вмрежуваат, да разменуваат совети и искуства од областа на спортот.

OpenSponsorship е платформа што ги поврзува атлетичарите со брендовите со што им помага да најдат компании што би ги спонзорирале.