Петгодишнина од работењето на ЦЕЕД Македонија

26

Во Хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 19 часот ќе се одржи свечена церемонија за доделување на сертификати, а воедно и презентација на остварените резултати од едногодишното успешно работење на УСАИД Проектот за Микро и Мали претпријатија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија. Проектот го поттикнува развојот на претприемачите и нивните микро и мали претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции. 63 сопственици на микро и мали бизниси од Скопскиот, Вардарскиот, Југоисточниот, Полошкиот и Источниот регион, учествуваа во Програмата за Претприемачи на Проектот за Микро и Мали Претпријатија. Како резултат на тоа, креирани се 36 нови работни места и 74 хонорарни ангажмани во нивните компании. Притоа, компаниите задржале 100% од работните позиции кои ги имале пред почетокот на нивното вклучување во проектот. 30 компании вовеле нови бизнис практики, 23 компании биле заинтересирани, искористиле или се во процес на користење на услуги за бизнис подршка. Дополнително, 62 зделки се склучиле помеѓу учесниците во проектот.

Неговата Екселенција, Амбасадорот на САД во Р. Македонија, г-динот Пол Д. Волерс ќе им додели сертификати на учесниците во Програмата за Претприемачи, како и благодарници на нивните ментори кои преку пренесување на своето знаење и искуство, дадоа свој придонес во растот и развојот на претприемачите, учесници во проектот.

Со овој настан ЦЕЕД (Центар за Развој на Претприемачи и Менаџери) ја одбележува петгодишнината од постоењето во Македонија.

ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво со канцеларии во Македонија, Србија, Бугарија, Косово, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Бангладеш и САД. ЦЕЕД Македонија има спроведено 164 обуки за менаџмент во 21 различни програми за претприемништво во текот на изминатите пет години. Додатно, околу 18 компании од Македонија ги имаат употребено услугите од Центарот за пазарен пристап во Косово. Дознајте повеќе на www.ceed-macedonia.org Промоција на резултатите од едногодишното постоење на Проектот на УСАИД Македонија за Микро и Мали Претпријатија и церемонија за доделување на сертификати.