Pfizer и BioNTech бараат ЕУ да плати за откажаните дози на вакцината

22

Европската унија има вишок вакцини против Ковид-19. Затоа Pfizer Inc. и BioNTech и предложија на Европската унија земјите-членки да платат половина од цената или околу 10 евра за секоја од околу 70 милиони откажани дози, објави  „Фајненшл тајмс“.

Ројтерс во јануари објави дека се водат разговори меѓу ЕУ и двата производители на лекови со цел да се намали бројот на дози на вакцини што Брисел се обврза да ги купи оваа година до 500 милиони дози.

Овој потег доаѓа откако ЕУ планира да ги промени законите што ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари со надеж дека ќе ги оживее инвестициите и ќе го зголеми пристапот до достапни лекови, во време кога здравствените буџети се исцрпени поради трошоците за лекување на Ковид-19.

Pfizer одби да го коментира извештајот на „Фајненшл тајмс“, но рече дека дискусиите се водат „со добра волја од сите страни“, додека партнерот BioNTech и Европската агенција за лекови (EMA) не одговорија на барањето на „Ројтерс“ за коментар.