Pfizer и Moderna ги зголемија цените на вакцините во договорите со ЕУ

124

Компаниите Pfizer и Moderna ги подигнаа цените на своите вакцини против коронавирусот во најновите договори склучени со Европската унија, објави Financial Times.

Новата цена на вакцината на Pfizer е 19,50 евра во однос на 15,50 евра колку што беше претходно, пренесе Ројтерс.

Цената на вакцината на Moderna е 25,50 долари по доза, стои во новиот договор, во однос на 19 евра колку што била во првиот договор за набавка, но помалку од претходно договорените 28,50 долари.

Фото: Facebook