Philip Morris International прогласен за најдобар работодавач во Европа и Блискиот Исток четврти пат по ред

18

9596a845-d1e5-4274-80d8-bc542b795442

Philip Morris International е прогласен за најдобар работодавач во Европа и во земјите од Блискиот Исток, како признание на одличната работна средина во компанијата, како и исклучителните можности за напредок на вработените. Признанието за Европа доаѓа четврта година по ред, првпат за Блискиот Исток, а се доделува од Институтот за најдобри работодавачи (Top Employers Institute), независно оценувачко тело со седиште во Швајцарија. Деталното истражување спроведено од овој институт ги мереше интерните практики на компаниите во поглед на можностите за развој на кариера, обуки и доедукација, работната средина и условите, како и компензација и бенефити за вработените, стои во соопштението.

Philip Morris International доби високи оценки во овие категории во 24 земји од Европа и Блискиот Исток, каде според извештајот се овозможени исклучителни услови за работа и посакувана работна средина, која нуди креативен развој и мотивира иницијативи за личен и професионален развој на вработените.

Philip Morris International вработува околу 82.000 лица во светот. Компанијата има одлични програми за напредување во кариерата на секој поединец кој може својата работа да ја продолжи во еден од 180 пазари каде е присутна компанијата. Само во 2015 година речиси 1.400 вработени работеле надвор од своите матични земји на различни проекти низ светот. Компанијата нуди стабилни иницијативи за учење и развој, силни програми за награди и признанија, како и предизвикувачки можности за кариера во глобална и различна средина.

Во Македонија, водечката глобална компанија од тутунската индустрија е присутна преку заедничкото партнерство со Тутунски Комбинат Прилеп.