Philip Morris во Грција основа дистрибутивен центар за цела Европа

26

philip morrisГлобалниот произведувач на цигари Philip Morris објави вчера дека ќе основа европски дистрибутивен центар во Грција, како дел од плановите за ширење на активностите во оваа земја.

“Според планот што го потпишавме во февруари, нашиот магацин во Агринио сега ќе го трансформираме во дистрибутивен центар на Philip Morris International за цела Европа”, вели Никос Теофилопулос, генерален директор на компанијата во Грција, јавува АФП.

На крајот на февруари, Philip Morris се обврза да купи половина од грчкото производство на цигари во следните три години.

“За Philip Morris, Грција е земја од стратешко значење во поглед на ориенталниот тутун. Во последните 10 години нашите инвестиции во земјава надминаа 600 милиони евра”, изјави Теофилопулос по средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за земјоделски развој, Атанасиос Цафтарис.

Philip Morris покрива околу 16% од вкупната тутунска индустрија. Седум од неговите брендови се меѓу 15-те најпопуларни во светот, вклучувајќи ги и најдобро продаваните цигари Marlboro.