Phytofy – паметен систем за одгледување на растенија

168

Фото: OSRAM

Германската компанија за осветлување OSRAM, престави систем за хортикултурно осветлување наречен Phytofy. Технологијата користи LED светилки коишто можат да се наместат, контролираат и запалат за потребите на различни истражувачки апликации.

Овој систем моментално го користи NASA за одгледување на растенија коишто би можеле понатаму да се користат во вселенските станици за потребите на астронаутите, пишува Inhabitat.

Системот Phytofy вклучува електрична единица за осветлување, опрема за контрола и софтвер.

Придобивките на оваа технологија се искористени во хидрофонични паметни градини наречени plantCube каде лесно се одгледуваат билки и растенија во затворен простор.

Според истражувачите, овој начин на одгледување на храна овозможува намалување на потребата за наводнување и потребата од ѓубрива, но и елиминирање на пестицидите.