Pillsy – паметно шишенце што го контролира земањето лекови

3

pillsy

Фото: Facebook

Американската компанија Pillsy Inc. создаде шишенце за апчиња коешто преку апликација го контролира земањето лекови на својот корисник.

На капачето од шишенцето Pillsy има сензори коишто го следат бројот на преостанатите апчиња и преку апликацијата, на сопственикот или на негови блиски, испраќа информации преку СМС порака. Ова паметно шишенце, исто така, сигнализира и го потсетува корисникот дека е време за неговата терапија.

Целта на иновативното шишенце е да ги потсетува корисниците навремено да ги земаат своите лекови, но и да ја олесни грижата за болни и стари лица.

Цената на Pillsy, во претпродажба до петти овој месец, е 39 долари.