Pingtime: Пинг понг во комбинација со визуелни ефекти

23

pingtime

Со развојот на технологијата за следење на движењето, играњето пинг понг станува поинтересно, овојпат преку играта наречена Pingtime.

Масата за Pingtime кога не е активна изгледа како и секоја друга табла, но кога ќе се активира системот, масата оживува и гледачите и играчите можат да уживаат во магијата на визуелните ефекти што ги нуди овој нов гејминг интерфејс, следејќи го движењето на топчето во реално време.

Идејата на Сергиу Дорофтеи, Богдан Сусма, Ион Котенеску и Силвиу Бадеа беше претставена на Роколектив фестивалот во Букурешт, Романија.