PlayStation 2 заминува во пензија

21

ps2Sony одлучи да го запре производството на конзолата PlayStation 2, која на пазарот се појави уште во март 2000 година во Јапонија, а во Европа стигна неколку месеци подоцна, во ноември истата година. Од тогаш е продадена во преку 150 милиони примероци.

PlayStation 2 беше толку популарен, што дури првите три години по излегувањето на PlayStation 3 беше продаван во повеќе примероци од неговиот наследник.

И покрај тоа што се прекинува производството на “двојката”, игрите ќе продолжат да се произведуваат. Се проценува дека за оваа конзола се направени преку 11.000 игри во последните 12 години.

PlayStation 2 е најпродавана конзола за игри на сите времиња.