Плива отвора претставништво во Приштина

21

plivaПлива Хрватска објави дека ќе отвора претставништво во Приштина. Плива е веќе подолго време со своите производи присутна на Косово, но очекува дека преку отворањето на претставништво ќе им пружи подобри услуги на локалните фармацевти, лекари и пациенти.

Целта е да се направи поголем пробив не само на Косово, туку и во Албанија, кои заедно сочинуваат пазар од скоро 7,5 милиони луѓе, како и зајакнување на својата позиција на косовскиот пазар, каде што сега Плива е меѓу првите пет, пренесуваат хрватските медиуми.

Пазарот на лекови во Косово, со преку 1,8 милиони жители и преку 500 аптеки, бележи раст од 6% во последните две години.