Плива со награда за најдобар инвестициски проект во Источна Европа

15

plivaФармацевтската компанија Плива Хрватска, дел од израелската Тева група, во Дубаи освои награда за најдобар инвестициски проект во Источна Европа, во силна конкуренција на земји како што се Полска, Чешка, Словачка, Турција и Србија, соопштуваат од компанијата, пренесуваат хрватските медиуми.

Во изминатите две години Плива инвестираше околу 200 милиони долари во нови производни погони во Савски Мароф и Загреб, што е еден од најголемите инвестициски циклуси во историјата на компанијата и една од најголемите приватни инвестиции во Хрватска. Инвестицијата ќе резултира со зголемување на производството на готови лекови и активни фармацевтски супстанции, пораст на извозот и нови вработувања.

Доделувањето на наградите се одржа на една од најголемите инвестициски конференции Annual Investment Meeting (AIM) што се одржува во Дубаи од 8 до 10 април, а наградите се поделени во шест категории, по географски региони – Африка, Блискиот Исток и Северна Африка, Латинска Америка, Централна Америка и Источна Европа.