По 150 години, една од најпознатите пиварници во Германија прогласи банкрот

84

По повеќе од 150 години, се затвора традиционалниот германски производител на пиво Brauerei Bachmayer, со седиште во Дорфен, Баварија. Ова за медиумите го потврди сопственикот на компанијата Јозеф Хорман.
– Енергија, суровини, повеќе не гледам перспектива за иднината, изјави шефот Јозеф Хорман.

Останатите стоки во сопствено производство треба да бидат продадени до крајот на април, по што пиварницата се затвора.

Освен на економската состојба, Хорман се жали и на недостиг од квалификувани работници, проблем со кој во моментов се борат речиси сите пиварници.

Германското здружение на пивари неодамна ја опиша 2022 година како една од најтемните години во историјата – прогнозата за 2023 година исто така изгледа мрачна. Не е исклучено тензичната ситуација да ги натера другите помали пиварници да престанат со работа.