По намалувањата на Тесла: Фолксваген откри дали ќе ги намали цените на своите автомобили

67

VW сака да биде глобален лидер во електричните возила, а тоа сака да го постигне преку профитабилен раст

Групацијата Фолксваген не планира да нуди попусти на своите електрични возила за да се спротивстави на намалувањето на цените на Тесла, изјави извршниот директор Оливер Блуме. VW нема да учествува во ценовна војна со Tesla, изјави Блуме за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.

– Имаме јасна ценовна стратегија и фокусирани сме на доверливост. Ние веруваме во силата на нашите производи и брендови.

VW сака да биде глобален лидер во електричните возила, но тоа треба да го постигне преку профитабилен раст, рече Блуме. Во САД, Ford го следеше намалувањето на цените на Tesla со намалување на цената на кросоверот Mustang Mach-E.

Фото:Facebook