По штрајкот, германската авиокомпанија Луфтханза денеска лета според предвиденото

95

По вчерашниот предупредувачки штрајк на копнениот персонал на Луфтханза на аеродромите ширум Германија, кој заврши во шест часот утринава, германската авиокомпанија се врати во нормални операции.

Додека вчера беа откажани повеќе од 1.000 летови на Луфтханза, денеска речиси сите летови се на распоред, соопшти компанијата.
На аеродромот во Франкфурт утрово имаше неколку откажани летови, а имаше и долги редици пред безбедносната контрола.