Почина основачот на Ikea

82

ikea-owner

Фото: Facebook

Основачот на Икеа, 91-годишниот Ингвар Кампрад почина викендов во својот дом во Шведска, објави BBC.

Милионерот роден во 1926 година во Смоланд, Шведска ја основа Ikea кога имаше само 17 години со што стана еден од најголемите претприемачи на 20 век. Името на компанијата е комбинација од зборовите Ингвар, Кампард, Елмтарид (семејната фарма) и Агунарид (соседното село).

Денес, Ikea е еден од најголемите синџири за мебел и предмети за домаќинство во којшто се вработени над 190.000 луѓе со годишен промет од над 38 милијарди евра.

Иако милионер, Кампрад ќе биде запаметен по неговата скромност и штедливост. Користел јавен превоз и летал исклучиво со економска класа.