Почина Пол Ален ко-основачот на Microsoft

91

Ко-основачот на Microsoft Пол Ален почина на 65 годишна возраст по компликации од малигнен лимфом, јавува BBC.

Тој самиот изјави пред две недели дека болеста се вратила, откако беше третиран за истата во 2009 година.

Неговиот долгогодишен пријател и ко-основач на Microsoft Бил Гејтс по дознавањето на тажната вест за Ален рече дека “персоналните компјутери не би постоеле да не беше тој“.

Бизнисменот ја изгради својата империја заедно со училишниот другар Гејтс, откако ја основаа Microsoft во 1975 година.

Осум години подоцна Ален ја напушти компанијата откако за прв пат му беше дијагностицирана Хочкинова болест. Но, успеа да ја преброди и да стане успешен инвеститор со својата инвестициска фирма за медиуми и комуникации Vulcan којашто ја стартуваше во 1986.

Се проценува дека има донирано повеќе од 2 милијарди долари за филантропски цели во науката, образованието и за заштита на дивиот свет.

Фото Facebook