Почина познатиот дизајнер Пако Рабан

60

Познатиот дизајнер Пако Рабан, најпознат по своите парфеми и модни дизајни, почина на 88-годишна возраст во својот дом во Франција.
Неговата смрт ја потврди Puig, матичната компанија на неговите брендови, која рече дека тој „обележал генерации со својата радикална визија за модата и дека неговото наследство ќе живее понатаму“.

Рабан стекна светска слава со своите ексцентрични дизајни на облека.

“Кој друг би можел да ги натера модерните Парижанки да бараат фустани од пластика и метал“, рече Хозе Мануел Албеса, претседател на одделот за мода и убавина на Puig.

Фото: Facebook