Почна месецот на штедење во НЛБ Тутунска банка

24

9ADC47C95BBB0749B7286F0AD5B4BF28НЛБ Тутунска банка вчера стартуваше со акцијата месец на штедење, којшто беше означен со НЛБ денот, преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.

НЛБ денот беше одбележан со учество на деца од различни основни училишта, за кои беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема штедење со претстава, квиз, делење подароци и цртање. Собраните цртежи ќе учествуваат на завршната голема изложба на Банката на крајот на месецот на штедење.

Во текот на НЛБ месецот на штедење,односно од 25 септември до 25 октомври 2013 ќе бидат организирани 2 типа на активности.

Првата е собирање на цртежи или пишани творби на тема штедење, каде сите клиенти ќе имаат можност да нацртаат цртеж или да напишат творба (совети за штедење, слогани и стихотворби) на тема штедење. Цртежите и пишаните творби ќе може самите да ги постават на посебна веб страна за таа намена,или да ги донесат во било која експозитура на Банката.

Втората активност ќе биде замена на стари касички со нови, клиентите кои имаат било каква касичка ќе имаат можност да ја заменат со нова, а старите касички ќе учествуваат во големата изложба на Банката.

По завршување на НЛБ месецот на штедење ќе биде организирана голема изложба на сите цртежи, пишани творби и касички кои ќе бидат собрани во текот на кампањата.