Почна со работа Македонската берза за електрична енергија – денеска тргуваа 20 компании

101

Овој ден ќе го запаметиме по тоа што денеска во 10:35 часот за првпат се затвори портата за тргување на Македонската берза на електрична енергија, со што се означи почетокот на функционирањето на организираниот пазар, пазарот ден – однапред во нашата земја, порача управителот на Националниот оператор на пазарот  на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски на настанот со кој се означи офцијалниот почеток на работата не берзата.

– Ова значи дека денеска добивме референтни цени на македонскиот пазар на електрична енергија, кои се однесуваат на домашната побарувачка и понуда на електрична енергија.

Денеска се случи безбедно и без никаков проблем тргување на електричната енергија на нашиот организиран пазар, рече Шутиноски.

Нагласи дека на првиот ден на тргување на Македонската берза учествувале 20 од вкупно 22-те компании кои склучија договор со МЕМО за учество на берзата на електрична енергија.

Истргувани се околу 500 мегават часови електрична енергија или во просек околу 20 мегават часови во час со просечна цена од околу 7. 125 денари која е приближна на цените во регионот и во Европа.