Почнува постапката за продажба на 49% од Кроација ерлајнс

46

croatiaairlinesХрватската влада денеска ќе започне постапка за јавно собирање на понуди за продажба на 49% акции на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс. За тоа ќе биде објавен јавен повик за искажување интерес, а по објавата потенцијалните инвеститори ќе имаат рок од 30 дена да поднесат писма на намери за купување акции, пишува Бизнис.хр.

Во случај на примање писма на намери за купување акции, ќе се изврши проценка на вредноста на Кроација ерлајнс, согласно законот за управување и располагање со имот во сопственост на Република Хрватска.

Кон крајот на август, хрватските медиуми пишуваа дека за Кроација ерлајнс се заинтересирани авиокомпаниите Garuda Indonesia и кинеската China Southern Airlines.