Почнува со работа фабриката Подгорка во Струга

Фабриката за производство, обработка, расекување и пакување на месо, Подгорка започна со работа во Струга, стои во соопштението.

Фабриката, како што се наведува, доби финансиска поддршка од мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што рече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

Директорот на платежната агенција, Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД  2 програмата, се склучени 1.355 договори  по сите мерки, со вкупна вредност од 31,5 милиони евра.

До овој момент, земјава искористи 39,5% од вкупно расположливите средства од  ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани инвестиции.