Почнува Светскиот економски форум во Давос – „Соработка за интелигентно доба“

Годишниот состанок на Светскиот економски форум (СЕФ) започнува  денеска во Давос под слоганот „Соработка за интелигентно доба“.

Првиот настан во рамките на форумот ќе биде „Први впечатоци: Ден на инаугурацијата“, кој е посветен на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Денеска ќе им бидат врачени и наградите „Кристал“ на лидери од областа на културата.

СЕФ ќе трае до 24 јануари, а како што е објавено на веб-страницата на СЕФ, меѓу политичките лидери кои учествуваат се и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе учествува преку видео врска, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц.