Подарок со многу нули“ – нова наградна кампања од Халкбанк

53

Во екот на најеуфоричниот период од годината, кога деновите од календарот се исполнети со датуми што обележуваат многу прослави и празнувања, следствено доаѓа и потребата од пазарување, било за пречекување гости на семејни слави или за пречек на Новата година. Затоа, Халкбанк за своите клиенти повторно подготви кампања со наградување.

Кампањата наречена „Подарок со многу нули“ што стартува денеска и ќе трае до 31 декември, е наменета за физички лица кои се иматели на кредитни картички од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) издадени од Халкбанк АД Скопје.

Истата предвидува првите 1.000 иматели на кредитни картички кои до крајот на декември ќе направат трансакции преку ПОС терминали или како интернет трансакции во вкупна вредност од минумум 10.000 денари, да добијат поврат на средства од 1.000 денари како подарок од Халкбанк.

Повратот на средства ќе биде направен неколку дена по достигнување на трошењето од минимум 10.000 денари, а корисникот добиениот поврат ќе може да го види на изводот на кредитната картичка и на електронското, односно мобилното банкарство и да го искористи за идни плаќања по сопствен избор.

Еден ист корисник ќе може по втор пат да освои награда  само доколку го исполни условот со различни кредитни картички (Mastercard World Contactless и Mastercard Credit Contactless/ Mastercard Standard ), односно  и со двете картички да има промет од по 10.000 денари во периодот на кампањата.

Користете ги вашите Mastercard картички за сите ваши пазарувања во претстојниот период и бидете добитник на 1.000 денари подарок од вашиот верен партнер – Халкбанк АД Скопје.