
Binance беше најголемата крипто берза во светот и пред колапсот на берзата FTX, а во изминатите шест месеци уште повеќе го зголеми својот удел на пазарот.
Крипто берзата Binance е доминантен играч на трите најголеми светски пазари на криптовалути – во САД, Велика Британија и Германија, објавено е на порталот Statista.
Binance има пазарен удел од 32 отсто во САД, а неговиот најблизок конкурент, крипто берзата Coinbase, само 10 отсто, пишува порталот Bitcoin Casinos.
Во Велика Британија, Binance покрива 37 отсто од пазарот, а во Германија 35 отсто, многу повеќе од неговите ривали. Binance има 28 отсто удел на глобалниот пазар на криптовалути, а во април беше убедливо најпосетуваната крипто берза со 75,4 милиони посети, пренесува Bankar.me.