Project Management Professional® е меѓународен сертификат за професионални проектни менаџери кој го издава Project Management Institute® од САД.
Професионалниот курс за управување со проекти е eдинствен подготвителен курс во Македонија кој се спроведува според критериумите и правилата на Project Management Institute® од САД, кој има 25-годишно искуство во сертификација на професионални проектни менаџери. Курсот е воден од PMP сертифициран инструктор и обезбедува продлабочено знaење кое овозможува лесно полагање на тестот после кој успешните кандидати се здобиваат со РМР сертификат.
Курсот е наменет за професионалци од сите индустрии и дејности кои работат во областа на управување со проекти и сакаат да се подготват за добивање на престижниот РМР сертификат. Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute® што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.
Обуката е распределена во 10 сесии кои ќе се одржат во период од три последователни викенди со дополнителен термин за симулација на испитот.
Цената е 450 евра, а за студенти 300 евра. Краен рок за пријавување е 11.02.2013 година.
Датум | Сесија |
Ден 1 (15.02.2013) | Сесија 1: Project Management Fundamentals (4ч.) |
Ден 2 (16.02.2013)
| Сесија 2: Project Integration Management (4ч.)Сесија 3: Project Scope Management (4ч.) |
Ден 3 (22.02.2013) | Сесија 4: Project Time Management (4ч.) |
Ден 4 (23.02.2013)
| Сесија 5: Project Cost Management (4ч.)Сесија 6: Project Quality Management (4ч.)
|
Ден 5 (01.03.2013)
| Сесија 7: Project Team Management (2ч.)Сесија 8: Project Communication Management (2ч.)
|
Ден 6 (02.03.2013) | Сесија 9: Project Risk Management (4ч.)Сесија 10: Project Procurement Management (4ч.)
|
Симулација на испит | Дополнителна Сесија: PMP® Exam Simulation |
* Вкупно 36 часови што е неопходен минимум за задоволување на формалниот услов за пријава за ПМП испит
** Дополнителниот термин за одржување на симулацијата ќе биде одреден дополнително во зависност од терминот за испитот и ќе се реализира само доколку мин 50% од уцесниците го потврдат своето учество.
Лица за контакт:
Biljana Ramljak
CEED Macedonia
Zagrebska 28 B-2/1
Skopje, R. Macedonia
Tel: + 389 307 91 91
Tel: + 389 307 96 11, 30 61 333
Fax: + 389 307 96 12
Email: [email protected]
Aleksandar Petrushev
EAC Skopje
Str. Orce Nikolov 99
Skopje, R. Mаcedonia
Tel/ Fax: +3892 32 46 304
Cell: +38975 39 83 49
Skype: petrusev69
Е-mail: [email protected]
Web: www.eac.org.mk