Подморница што се спушта до 100 метри длабочина за неколку секунди

53

podmornica-glavna

Холандската компанија Ortega дизајнираше електрична подморница за нуркачи. MK1C submersible е претставена како најбрзо, најсигурно и најподвижно возило на светот, а благодарение на двата електрични мотори, нуркачите ќе може да се спуштат до 100 метри длабочина за само неколку секунди. Во неа може да седнат тројца нуркачи, пишува  Dezeen.

MK1C е наменета за морските биолози, археолози и специјалните нуркачи, а поради својата цел подморницата е изградена без капак, со што нуркачите ќе може лесно да ја напуштат кога ќе треба. Опремена е со апарати за дишење, систем за навигација и товарен простор од 250 литри и веќе е направено тестирање на овој прототип.

Дизајнот им овозможува на нуркачите да стигнат до дното многу брзо, а тоа значи дека трошат помалку кислород при спуштањето и може подолго време да поминат под вода, вели косопственикот на компанијата Филип Јонкер.