Индексот на расположението на потрошувачите за американската економија се зголеми на 69 поени на почетокот на септември од конечната вредност во август (67,9), објави Универзитетот во Мичиген.
Вредноста на индексот сега е највисока од мај годинава, а растот, меѓу другото, е и резултат на зголемениот откуп на трајни добра поради пониските цени.
Џоан Хсу, директорка за истражување на потрошувачите на Универзитетот во Мичиген, рече дека потрошувачите имаат подобри очекувања за состојбата на нивните лични финансии, иако тие сè уште се малку повеќе загрижени за состојбата на пазарот на труд.
Вредноста на индексот сега е за 40 отсто повисока отколку што беше во јуни 2022 година, а се повеќе демократи и републиканци сега очекуваат победа на демократката Камала Харис на претседателските избори. Како резултат на тоа, очекувањата за економијата се влошуваат кај републиканците и се зголемуваат кај демократите.
Инфлациските очекувања за следната година паднаа на 2,7 отсто, најниско од декември 2020 година. Долгорочните очекувања за инфлација се зголемија од 3,0 во август на 3,1 отсто на годишна основа.
Индексот на расположението за тековната економска состојба порасна од августовската вредност од 61,3 на 62,9 поени, а индексот на очекувањата за следните шест месеци од 72,1 на 73 поени.