Подобрете ја меморијата со неколку едноставни трикови

133

sahovski-figuri-pixabay

Фото: Pixabay

Подобро помнење и концентрација се работи кои секој сака да ги постигне и усоврши. Во продолжение, како да го направите тоа.

Вежбајте го мозокот

Исто како што телото се развива и зацврстува со вежбање, така и мозокот. Ако малку повеќе го ангажирате, тој ќе почне да создава повеќе ќелии коишто ќе придонесат за поголема меморија и подобра концентрација. Читањето, решавањето крстозборки, сложувалки, играње шах, решавање математички задачи и сите слични активности што го активираат мозокот треба често да се практикуваат. Редовните вежби се клучни за развивање на мозокот.

Повеќе мали чекори

Големите цели не можат да се постигнат ако прво не се совладаат малите чекори. Секогаш кога ќе почувствувате како концентрацијата ви опаѓа и вниманието ви го одземаат други работи, направете повеќе мали чекори, за да стигнете до целта. Поделете ја работата колку што можете повеќе. Еден завршен чекор ќе води кон друг, па трет и така полесно ќе дојдете до крајот.

Визуелизирајте ако сакате да запаметите

Замислете си го предметот, тоа што сакате да го запомните. Мозокот прво учи од сликата што му се презентира. Искористете ги тие примитивни алатки. Поврзете одредена слика со тоа што сакате да го запомните и мозокот ќе најде начин да го меморира тоа.

Здрави навики

Пиење доволно количество вода, вежбање, добар сон и елиминирање на сите лоши навики придонесуваат за подобрување на помнењето. Мозокот како и телото се развива со здравите навики, а стагнира ако лошо се однесувате кон него.