Подвижно архитектонско студио под мост во Валенсија

21

ps

Фото: Youtube

Фернандо Абеланас, архитект од Шпанија направи дизајнерско студио со интересна локација – под мост на еден раздвижен пат во Валенсија, пишува Dezeen. Изработено е од дрво и метал, а она што е најинтересно е тоа што малечкото студио може да се движи односно да се собира по потреба. Наликува на урбана кабина каде што дизајнерот може слободно да работи далеку од бучавата и метежот на градот.

Студиото е опремено со сето она што е потребно за работата да биде завршена како што треба, а во него може да се работи и ноќе. Тајната кабина, како што вели архитектот, е изработена според сеќавање од детството кога како мал се криел под маса или во шкаф и така во тајност можел да види и чуе сè, слично како искуството што сега го доживува под мостот.

Точната локација на студиото не е позната, а сето тоа е дел од колекција на слични дизајни, што Абеланас моментално ја креира. Тој истовремено дизајнира мебел и системи за осветлување под брендот Lebrel.