Полесно до свој нов дом: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година, најави Николоски

62

После Нова година ќе излеземе со условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот “Купи куќа за млади”, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

“Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови. Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом” – изјави Николоски.