Полета првиот кинески патнички авион од домашно производство

Првиот кинески патнички авион од домашно производство полета на својот прв комерцијален лет во неделата наутро.
Државната телевизија го прикажа C919 како се издигнува кон небото над Шангај додека се движеше кон главниот град Пекинг, објави Би-Би-Си.

Изграден е од Commercial Aviation Corporation of China (Comac) со надеж дека ќе ја прекине доминацијата на авионите Ербас и Боинг, пренесува Хина.

Кинескиот авион со 164 седишта сè уште многу се потпира на западните компоненти, вклучувајќи ги моторите и разни други компоненти.

Неговиот прв комерцијален лет од Шангај до Пекинг, со повеќе од 130 патници, заврши за нешто помалку од три часа.