Половните автомобили станаа ретка стока – скапи како никогаш досега

244

Без разлика дали станува збор за авто-плац или за продажба преку интернет, во Германија обично има голем избор на користени автомобили.

Од вкупниот број продадени автомобили во Германија, повеќето се користени, но во меѓувреме има премалку автомобили во понудата.

„Во моментов имаме помалку користени автомобили отколку клиенти. Половните автомобили станаа ретка стока “, вели Томас Пекрун, потпретседател на Централната асоцијација за германска автомобилска трговија (ЗДК).

Купувачите треба да платат повеќе за достапните користени автомобили.

Според Пекрун, цените се зголемени за пет до десет проценти. Во некои ситуации половните автомобили чинат повеќе од новите, бидејќи во моментов многу се чека за испорака на нови.

Мартин Вајс работи за ДАТ, организација основана во 1931 година која неутрално и објективно ја проценува вистинската вредност на автомобилите.

Според него, чудно е тоа што во моментов се случува во автомобилската индустрија.

„Пазарот полуде“, рече тој, додавајќи дека половните автомобили се за 15 отсто поскапи од било кога.