Вработените во локалната самоуправа во Полска се почесто наместо да користат службен автомобил возат велосипед.
Вработените во локалната власт на градот Гдањск од минатата година имаат на располагање 16 велосипеди.
Иако службениците биле воодушевени од оваа новина, со цел да го избегнат сообраќајниот метеж, градоначалникот на градот, Павел Адамович, смета дека возењето велосипед не е секогаш практично, бидејќи не може да се зборува на телефон или да се разгледуваат некои документи.
“Забележувам дека некои од службениците се возат со велосипеди, што е побрзо одошто да користат автомобили, а често пати со ова превозно средство завршуваат и некои обврски низ градот“, рече портпаролката на градот Варшава, Агњешка Кломб.
Варшава минатата недела за своите службеници набави пет нови велосиперди, а уште пет за менаџерите на градскиот превоз.
Многумина сметаат дека велосипедот е одлично превозно средство за вработените луѓе, особено оние кои работата ги врзува во канцеларија осум часа, за да можат да ја подобрат својата физичка кондиција.