Помагаат ли познанствата од училишните клупи при наоѓање работа?

48

Влијаат ли пријателствата и познанствата стекнати во текот на школувањето во пронаоѓањето на работа и во развој на кариерата? Порталот EduCentar спроведе анкета, на која 61% одговориле негативно, пишува Лидер.

Дури и кога би имале можност да добијат работа кај пријател, анкетираните не би прифатиле затоа што сметаат дека не е добра опција шефот да ти е пријател.

Околу 21% од испитаниците признаваат дека во пронаоѓањето работа им помогнале познанства, но не оние стекнати за време на школувањето. Само 9% анкетирани за вработување добиле помош од колеги од училишните и факултетските клупи. Исто толкав процент изјавиле дека при барањето работа им помогнале професорите, кои им дале препораки за посакуваното работно место.