Пониска за 35 отсто: Топлата есен ја спушти цената на гасот

95

Иако ни претстојат уште два месеци есен, а потоа зима, Европа засега може барем малку да се одмори: температурите се нетипични за овој период од годината, а тоа ја намалува потребата за греење.

Имено, топлото време предизвика пад на цената на гасот во октомври во однос на септември, за повеќе од една третина или за околу 35 отсто.

Цената падна на околу 1.246 долари за 1.000 кубни метри, се вели во извештајот на лондонската берза ICE за движењето на цените за ноемвриските и декемвриските фјучерси договори и пресметките на агенцијата Тасс. Се наведува и дека цената на фјучерсите на гасот на последниот трговски ден во септември изнесувала околу 1.884 долари за 1.000 кубни метри.

Овој исход доаѓа во вистинско време, бидејќи цела Европа се бори со зголемената инфлација.