Поправен е нафтоводот преку кој руската нафта оди во Германија

71

Полскиот оператор на нафтоводот „Дружба“ објави дека го поправил истекувањето што предизвикало затворање на делот од нафтоводот од Русија до Германија.

Операторот ПЕРН изјави дека од 15 октомври неговите технички служби ја вратиле целосната функционалност на оштетениот гасовод, кој доставува сурова нафта за германските компании-потрошувачи и дека истрагата за причините за истекувањето е во тек, пренесува Радио Слободна Европа.

Истекувањето било откриено на 11 октомври во близина на селото Зуравице во централна Полска. Компанијата претходно објави дека прелиминарните проверки покажале дека истекувањето најверојатно било случајно. На 12 октомври, германската влада нагласи дека испораките на нафта продолжуваат до две клучни рафинерии и покрај истекувањето.

Откривањето на истекувањето доаѓа во услови на загриженост за безбедноста во врска со снабдувањето со енергија на Европа, откако гасоводот Северен тек во Балтичкото Море неодамна предизвика истекување што властите и на Запад и на Русија велат дека е предизвикано од саботажа.