
Пазарниот удел на кинеските брендови на електрични автомобили расте сè повеќе во Европа и нивната зголемена популарност може да ги намали цените на користените електрични возила на европскиот пазар, велат експертите.
Матас Бузелис од carVertical, компанија за податоци за автомобили, верува дека порастот на кинеските електрични возила ќе влијае и на пазарот на половни автомобили.
Бидејќи електричните автомобили се поскапи од возилата со дизел и бензин, кинеските производители на електрични возила нудат попристапни опции за купувачите во Европа, се вели во соопштението.












