Поради корона вирусот се огласи пивската компанија

334

Поради ширењето на корона вирусот се појавија бројни теории на завера околу тоа одкаде вирусот почна. Поради тие теории се огласи и познатата компанија којашто произведува пиво Corona.

Имено, некои луѓе почнаа да го поврзуваат пивото Corona extra со вирусот што се појави во Вухан, Кина.
Така пребарувањето на интернет е многу чудно, па од 18 јануари некои пребаруваат по интернет пребарувачот “корона пиво вирус и пиво вирус“.

Сепак, се огласи и компанијата којашто наведува дека верува дека нејзините клиенти разбираат дека нема врска помеѓу пивото и вирусот.

“Веруваме дека потрошувачите разбираат дека нема врска помеѓу вирусот и нашето работење“, изјави Меги Баумен, директорка за комуникации.

Фото:Facebook