
Основачката на Теранос, Елизабет Холмс, вчера беше однесена во федерален затвор по повеќекратните обиди да се одложи почетокот на нејзината казна.
Холмс беше осудена на 11 години и три месеци затвор за измама на инвеститорите кои вложиле во нејзиниот стартап за тестирање на крвта, чија вредност некогаш се проценуваше на 9 милијарди долари.
Таа поднела жалба, која била одбиена, а друга пресуда и наложила да плати 452 милиони долари на жртвите на измамата.
Поранешната миленичка од Силиконската долина беше осудена во јануари за три точки за измама и една точка за заговор, откако поротата откри дека криминално ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира болести со само неколку капки крв.
Елизабет Холмс, најмладата милијардерка, од медиумите беше претставена како една од успешните приказни на Силиконската долина, нарекувајќи ја „женски Стив Џобс“.











