Поранешни шефови на HTC претставија сопствен бренд паметни телефони Kazam

24

kazam

Поранешните шефови на компанијата HTC, Мајкл Комбс и Џејмс Еткинс, го претставија својот нов бренд Kazam и седум сета паметни телефони.

Паметните телефони се поделени во два типа, Trooper и Thunder. Комбс и Еткинс прво се фокусираа на пет прифатливи модели, а подоцна ќе ги пуштат и понапредните два модела.

“Kazam е основана пред шест месеци и тоа што денес го најавуваме првиот телефон е неверојатно. Ние сме мали и искусни, брзо се прилагодуваме и реагираме на промените на потребите на пазарот. Очекувајте уште многу работи од нашиот бренд”, изјави Комбс.

И Trooper и Thunder имаат два слота за сим картички, променлива батерија, но ниту еден не поддржува LTE 4G. Thunder има quad-core процесор, 1GB рам, 4,5 инчен екран, 8 мегапиксели камера и два мегапиксели предна камера. Trooper има dual-core процесор, 512 MB рам, 3,5 инчен екран, 2 мегапиксели камера и 0,3 мегапиксели предна камера. Купувачите што ќе го скршат екранот во период од една година можат да го пратат уредот на бесплатна замена и поправка.

Линијата мобилни телефони Kazam користи Андроид оперативен систем. Во продажба ќе бидат пуштени до крајот на годинава.

Седиштето на компанијата е во Велика Британија.