Поранешни вработени на Нокиа лансираа нов паметен телефон

26

JollaГрупа поранешни вработени од финска Nокиа, кои дадоа откази поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем MeeGo во корист на Windows, го претставија сопствениот паметен телефон.

Смартфонот на компанијата Jolla, кој е во потполност интуитивен и нема копчиња, претставува значаен кандидат на пазарот на смартфони, стои во соопштението на компанијата.

Моделот наречен Jolla има екран од 4,5 инчи чувствителен на допир и 8 мегапиксели камера. Во продажба ќе се најде во последниот квартал годинава, по цена од 399 евра.
Jolla планира да ги освојува пазарите во Кина, Европа и Северна Африка, но не и на САД. Веќе имаат потпишано два договорi за дистрибуција со најголемиот кинески дистрибутер на мало и со финскиот оператор ДНК.

Jolla е основана во 2011 година, брои околу 70 вработени, а четворица од петте основачи се поранешни инженери и директори од Нокиа. Оваа компанија се дефинира како “поинаков“ производител на телефони, а моментно работи на сопствен оперативен систем Sailfish, кој ќе го замени MeeGo.

Jolla_MeeGo