И додека сите очекуваа да замине во Amazon или Apple, поранешниот лидер на Windows, Стивен Синофски преку твитер јави дека напролет ќе почне да предава на Харвард.
Синофски пред еден месец го напушти Microsoft, затоа што, како што се шпекулираше, не бил тимски играч и не се согласувал со останатите одговорни луѓе во компанијата, иако се очекуваше дека токму тој ќе биде новиот извршен генерален директор.
Синофски, заедно со професорот од Harvard Business School, Марко Лансити, напишаа книга за бизнис стратегија, наречена One Strategy. Книгата ја нагласува идејата бизнисот да има една заедничка стратешка перспектива.
Синофски го напушти Мајкрософт по 20 години минати во таа компанија, од кои последните три беше во Windows дивизијата. Тој е одговорен за успехот на Windows 7, особено по непопуларната Vista. Синофски си замина само еден месец по лансирањето на Windows 8, а од компанијата не дадоа официјална причина за неговото напуштање. По неговото заминување, водството на Windows девизијата беше поделено меѓу корпоративниот потпретседател Џули Ларсон – Грин и главниот финансов директор Тами Релер.