Пораст на индустриското производство од 9,5% во јуни

40

Индустриското производство во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, е зголемено за 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст од 9,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 10,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 25,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 52,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 23,8% и Капитални производи за 1,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на периодот јануари – јуни 2020 година, се зголеми за 6,6%.

Фото: Pexels