Беа потребни само три години и два месеци за 100.000 Taycan да се спуштат од фабричка лента.
Кога овој модел дебитираше на пазарот, многу возачи со негативен став кон електричните автомобили се сомневаа дека електричното Porsche има иднина. Излегува дека не биле во право.
Taycan стана исклучително популарен меѓу клиентите на германската марка и брзо ги освои нивните срца.
Во исто време, популарноста на овој модел јасно покажува дека клиентите кои претпочитаат Porsche не се плашат од новите технологии.











